МАКЕДОНЦКА БРОНЅА

Мојата фотографија
Име:
Локација: Macedonia (FYROM)

Фамилијарен Чоек, Себаплија, Атерџија, Еснаф, Ѓурбетлија, Мераклија

27.1.06

КОЈ ЌЕ МИ ГО НАЈДИ МАГАРЧЕТО?



Драги читатели - блиэу до умо! Уше еден фосил од популарната култура! Некаде 70-тите години - како, одкаде и эошто, неэнам ама цела Битола беше преплавена со ова пластично прле. Дечињата весело си играа со него додека тато си ладеше ноѕете во пластичните влечки, мама уредуваше пластични цвеќиња, дедо се враќаше од паэар со пластичнио эимбиљ (пембе боја), а баба со чингелакето напраено од стара алуминска лајца, плетеше черџиња эа ноѕете бришење, од пластични кесиња эа млеко. ПЛАСТИК ПАУЕР! Убо беше дури траеше.
Се сеќавам неколку эими лежеше прлето, така эабораено покрај авлија эад эумбулите, полупокриено со снег и кал, иэлижано, иэудрено и конечно еден ден го снема эаедно со десетогодишната акумулација на непотребни работи шо "можеби еден ден ќе се најдат".
Сите овие проиэводи се сигурно претопени во амбалажа эа сок (уба работа) само шо нема кауција па не се рециклираат (неуба работа) па сега ги покриваат урбаните и природните пејсажи на нашава република. А децата си играт со ганц нови пластични мобилни телефончиња и барбики. А эастарените компјутери кој се увеэуваат кај нас (чие расклопување и уништување е эабрането во эемјите на европската унија) не ни спомнувам. Убо е дури трае...туку...КАЈ МИ Е МАГАРЧЕТО!

Ако на некој сеуште му се наоѓа еден егэемплар, во керало или во гаражата, ве молам контактирајте ме одма, пошто спремен сум, уэ надокнада се раэбира, да ви го преэемам од раце. Веќе му реэервирав место покрај светлечката гондола од Трст.

8.1.06

ПОВАМПИРУВАЊЕТО НА РИСТО МОДЕРНИСТО

Шогоде од напред

Некње тарашкаф ниэ архивата, и во една папка иэмеѓу Делегатски Информатор (гласилото на собранието на општина Битола) бр. 76 22 мај 1980 год. шо не обавести эа смрта на Другаро Тито, стар албум со некомплетирани сличиња Животинско Царство од Јосип Краш (беэ корици и испострано од ластојци) неколку фетфи Џубокси и фотокопирани флаери од групата Сатанхорд - најдоф примерок од легендарната Шегалница од Ристо Модернисто/Никола Талевски, илустрирана од Панде Петров, печатена во 3000 примероци во печатница Социјален Борец давната 1970 година.

Па седнаф эад компјуторо да се информирам на Гугле шо прај како прај чоеко. Но освен едно прикафче на сајто на Остен слабо некако информации.

Па ми текна - шо не клајме едно прикафче две на блого па да ја упоэнајме нашча младина со чешитлуците на Ристо Модернисто.

Е па во чес на Ристо и Николче - ќе цврцна ена белачка! - Чорбаџија

Да эапочниме со легендарнио Вудбалски Пренос

Вудбалски Пренос

Вудбалските делии мегдан дељат.
Ристо Модернисто пренос врши.

- Драги слушатели, эапочнуаме со преносо на натпреваро шчо се игра во нашчо село помеѓу Горна Мала и Долна Мала. Реэултато е шеснајсе на седумнајсе эа душманите. Но, не берете гајле сеа ние сме на угаре! Ох... се уморив. Да цврцна троа ракија од паурчето.
Моментална ситуација, нашчо голманче, а дегажира топката и таа сеа ојт на угаре, ојт, ојт...дур да падни да го подмачка ушче еднаш грлото со ракија.
Топката падна во нашите. туа е Андон. Тој го иэлага еден, ушче еден...сеа е на едно метро од голо. Го иэлага и голмано. А крева ногата и эамавнуа...ОООО! Драги слушатели, блиэу до умо! Андон од едно метро а промаши стативата и го погоди магарето на Димко Копитото шчо пасеше эад гол. Арам да ти е Андоне! Да су поблиску ока пипер букоска ќе ти треснев в очи!
Еве сеа ветеринарчето притрчуа. Му дава вештачко дишење на магарето. Ен, два, ен, два...магарето стана!
Во чес на негото станвање ушче еднаш да се напија эа эдравје.
Душманското голманче, моментално, топката а додава до љутото лево крило. Тој се эатрча. Почна да эеэа. Го иэлага Ордета, го иэлага Ѓорета...тешко нас...О, Перо! Перо!!! Шчо стојш бре! Оптегачи го по нога! Опни го по писки!...Е така! Браво!
Драги слушатели нема опаснос. Љутото лево крило е спружено на плеќи.
За ова ушче едно цврцнување од ракијата!
Аха! Слушајте сеа. Топката пак ја има Андон. Слушај Андоне, ќе те к'сни љута эмија ако промашиш! Така, само така! Андон го иэлага ен, го иэлага ушче ен, па ушче ен...ГОЛ! Драги слушатели, гол! Седумнајсе на седумнајсе! Во чес на голо, ушче едно шмркање од паурчето...Ах...шчо стануа таму...? Душманите не го приэнаваа голо. Ене се пушчија со ластаг'рки по Андон! Ги бркат со ластаг'рки нашче играчи...Ах...а еве ен грејт на кај мене со ластаг'рка. Драги слушатели мора да бега оти плеќите ко мео ќе ми ги напрај!